Партијата на Борисов ги прекина преговорите за состав на бугарска влада
ГЕРБ-СДС ги прекина преговорите за формирање влада, соопшти синоќа прес-центарот на ГЕРБ.
„По одбивањето на „Демократска Бугарија“ да ја поддржи првата номинација на ГЕРБ-СДС во лицето на Бојко Борисов за премиер, ГЕРБ-СДС го номинираше Росен Желјазков.
Денеска „Демократска Бугарија“ ја отфрли и втората номинација Како резултат на тоа, ГЕРБ-СДС ги прекинува преговорите“, соопштија од партијата, пренесоа медиуми..
Оттаму додаваат дека се благодарни за учеството во преговорите на екипите на „БСП-Обединета левица“ и ИТН и за конструктивниот тон од нивна страна.
„Од медиумите дознавме дека ГЕРБ ги завршува преговорите“, објави Демократска Бугарија на својата Фејсбук страница, откако ГЕРБ-СДС објави дека не е постигнат договор за кадровскиот состав и името на премиерот на идната влада.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина дозволи двојно државјанство за справување со…
Парламентот на Украина денес усвои нов закон…
Евакуирани дел од американските дипломати во Израел
Двајца американски претставници велат дека владин авион…
Филипче: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски…
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се обрати…
Утре ќе има боево гаѓање кај делчевското…
Поради боево гаѓање со огнено оружје, утре…
Несреќа во Германија: Македонец тешко повреден од…
Во тешка работна несреќа што се случила…