Партијата на Бојко Борисов победи на изборите во Бугарија

t

Според прелиминарните резултати од вонредните парламентарни избори во Бугарија, централнодесничарската партија ГЕРБ освоила 26,08 отсто од гласовите, соопшти Државната изборна комисија.


Бугарската Државна изборна комисија соопшти дека, според прелиминарните резултати, партијата ГЕРБ освоила најмногу гласови на вчерашните избори – 26,08 отсто, додека на второ место е реформската партија Продолжуваме со промените со 14,76 отсто од гласовите, пренесе Ројтерс.
Третото место го зазеде ултранационалистичката партија „Вазраждане“ со 13,8 отсто.
Лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов, по објавувањето на излезните анкети, на синоќешната прес-конференција во седиштето на партијата рече дека победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна и дека се залага за формирање влада.
Тој нагласи дека програмата на неговата коалиција е основа за секоја идна влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Партијата на Бојко Борисов победи на изборите…

Според прелиминарните резултати од вонредните парламентарни избори…

Мицкоски: Подготвен сум за комптомис со Бугарија

Христијан Мицкоски чека одговор од Брисел како…

Граѓаните на Бугарија денеска гласаат на седми…

Бугарските граѓани денеска излегуваат на гласање за…

За првпат економијата на Бугарија надмина 100…

За првпат економијата на Бугарија надмина 100…

Ѓорѓиев: Средбата на Комисијата за историски прашања…

Средбата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за…