Патниците во возилото што падна во Вардар се роднини од село Грчец

t

Патниците во возилото што вчера попладне излета од локалниот пат кај скопско Рашче се роднини од селото Грчец, дознава „360 степени“ од извор во истрагата.

Во моментот не несреќата во автомобилот имало четири лица. Тројца од нив се починати и извлечени од реката, а по едно лице сè уште се трага. Заедно со нив во автомобилот патувало и четиригодишно дете кое е пронајдено повредено надвор од возилото, па е пренесено во Клиничкиот центар.

Основото јавно обвинителство (ОЈО) Скопје ги испитува причините за сообраќајната несреќа.

На местото на настанот е извршен увид и се преземени мерки за обезбедување на траги и докази за утврдување на причините за несреќата. По насока на јавен обвинител се разговара со очевидци на настанот и со блиски на семејството на патниците со цел да се испитаат сите околности, а ќе биде наредено и вештачење на возилото.

„Заедно со автомобилот, од водите на Вардар беа извадени три починати женски лица, за кои е издадена наредба за обдукција. По уште едно лице се трага, додека во автомобилот патувало и дете кое е пронајдено повредено надвор од возилото, па е пренесено на Клиничкиот центар“, наведуваат од ОЈО Скопје во соопштението испратено денеска претпладне.

Според првичните сознанија на Обвинителството, со возилото управувала една од починатите.

Претходно, од Министерството за внатрешни работи (МВР) соопштија дека, според исказите на роднините на патниците, со возилото управувало лицето по кое сè уште се трага.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украинската армија доби нов командант

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес го назначи…

Експлозија во резиденцијата на норвешкиот амбасадор во…

Експлозија се случила вечерва во резиденцијата на…

ПДПР со демант и објаснување на денешниот…

Реакција и демант По повод видеото што…

Макрадули: Секогаш кога ДПМНЕ е на власт…

*Објава на Фејсбук на Јани Макрадули: -…

Коцевски требаше да ги гони и своите…

Адвокатот Звонко Давидовиќ вечерва во „24 анализа“…