Патничкиот железнички сообраќај се одвива нормално и без прекин, со минимални задоцнувања, товарниот со мали застои
Патничкиот железнички сообраќај се одвива нормално и без прекин, со минимални задоцнувања кои брзо се надминуваат благодарение на интервенците од дежурните екипи од ЈП „Инфраструктура“ на терен, соопштија од Министерството за транспорт.
Посебен акцент, се посочува, е ставен на интервенции кај критичните точки, обезбедувајќи непречено и безбедно движење на патничките возови.
– Товарниот железнички сообраќај се одвива со мали застои, кои главно се предизвикани од заснежени или замрзнати свртници.
Јавното претпријатие „Инфраструктура – Железници“ исто така со дежурни екипи континуирано работат на расчистување и одржување на свртниците, овозможувајќи континуитет во сообраќајот, соопштија од Министерството.
„Железници на Македонија – Транспорт“ и ЈП „Инфраструктура“, се додава, остануваат посветени на обезбедување квалитетна и сигурна услуга за сите корисници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен осомничен саботер за теpopистичкиот напад на…
Саботерот имал двојно руско-италијанско државјанство, бил регрутиран…
Трагедија: Неготинец почина откако воз удри во…
На 08.09.2022 во 02.00 часот пријавено е…
Протестите продолжуваат: Возовите ќе бидат блокирани и…
Откако утрово од страна на надлежните беше…
Несреќа во Прилеп: Воз удри во автомобил
Во Полициската станица Прилеп вчера во 17.…
(Видео) Гореше локомотива кај Кукуричани: Лугето го…
Пожар во локомотива на Македонски железници избувна…