Патувањето на Буши во Истанбул не било платено од МВР
Заменик министерот за внатрешни работи во Истанбул бил приватно и патувањето не го платило Министерството за внатрешни работи, велат од МВР.
Од кабинетот објаснуваат дека станува збор за приватно патување во Истанбул на заменик министерот Назим Буши реализирано есента 2020 година во медицински цели за член на семејството, во врска со интервенција закажана неколку месеци пред назначувањето на г.Буши како заменик министер.
МВР се децидни дека не платиле за патувањето на Буши.