Пациентите од Кочани сè уште без помагала – нови протести на семејствата, работна група ќе ги следи пациентите
Додека во владата се дискутираше на тема „Кочани е нашиот приоритет“ и се предлагаа нови мерки и чекори, семејствата на повредените деца продолжуваат да се соочуваат со стари предизвици – високи трошоци за третмани и долготрајно лекување на изгореници.
Ванчо Мишовски од Сапорт Кочани за Телевизија 24 вели дека во моментов сите третмани за лекување вклучувајќи и лепенки, гелови и креми се сведени на донации од хумани луѓе бидејќи родителите не можат да си дозволат да ги набават.
Генералниот директор на Црвениот Крст Саит Саити на денешната панел дискусија рече дека останатите собрани средства ќе им бидат доделени на семејствата на повредените веднаш по добивањето на извештајот од работната група составена од 7 лекари која треба да даде мислење за секој повреден поединечно.
Според него, ваквата практика е соодветна бидејќи секој пациент има различна потреба и тежина на повредите, и различна прогноза за нивно лекување
Сашо Клековски директорот на Фондот за здравствено осигурување рече дека дека сите лекари кои се дел од групата, директно учествувале во приемот на повредените кобната ноќ и знаат за нивната првична состојба. Досега биле оценети 160 пациенти.
Денешната панел дискусија предизвика и нови партиски реакции. Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска преку објава на социјалните мрежи ја обвини власат дека организира трибини во време кога родителите на децата остануиваат без работа а болницата во Кочани функционира само со една докторка.
За СДСМ, пак денешната трибина е лицемерие и ароганција, бидејќи според нив, Кочани воопшто не е приоритет за владата. Родителите на загинатите и повредените деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, најавија нови протести оваа сабота.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гувернер на САД: Уапсен осомничениот за убиството…
Полицијата во американската среднозападна држава Минесота го…
Родители на починатите во пожарот во Кочани…
Родители на починатите во пожарот во клубот…
(Видео) Хаос во Тел Авив: Улици покриени…
Сцени на страв, хаос и вознемиреност ја…
Државата беше побавна затоа што мора да…
Нормално е граѓанскиот сектор да биде побрз…
Земјотрес во Македонија
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според…