Пациент нападнал доктор во Клиничка болница Тетово додека овој се обидувал да го лекува

t

Пациент од тетовското село Челопек кој бил примен во тетовската Клиничка болница прво агресивно се однесувал кон персоналот а потоа го нападнал лекарот кој му укажувал помош. Потоа тој продолжил да се расправа и физички ги нападнал и полицајците кои биле повикани од болницата. Поради ова тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот ќе му биде поднесена соодветна пријава.

„На 14.10.2025 во 16 часот, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода М. М. (28) од Челопек, постапувајќи по претходна пријава од Клиничката болница во Тетово дека агресивно се однесувал кон персоналот и физички го нападнал Л. А. (31) од с. Желино, лекар во болницата, додека тој се обидувал да му даде лекарска помош. Исто така, по пристигнувањето на полициските службеници, М. М. агресивно се однесувал и кон нив и физички нападнал еден од полициските службеници“, соопштуваат од СВР Тетово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пациент нападнал доктор во Клиничка болница Тетово…

Пациент од тетовското село Челопек кој бил…

Навивачи скандираа „УЧК“, „каурски пи*ки“ и „Смрт…

Голем број албански навивачи се собраа во…

Тетово остана без македонски знамиња за големиот…

Денеска, по повод 11 Октомври - ден…

Тетовец ги обоил со црвена боја регистарските…

Лишен од слобода тетовец, ги обоил со…

Две болници во Газа затворени поради израелската…

Министерството за здравство во Појасот Газа соопшти…