Пациент претепал чувар во поликлиника Драчево
Вчера во раните утрински часови пациент претепал чувар во поликлиника Драчево, потврди за „Слободен печат“ директорот на Здравствен дом Скопје Самир Исени. Според информации од очевидци, пациентот прво им се заканувал на медицинските работници во поликлиниката кои биле на ноќно дежурство бидејќи не можел да добие нешто што барал, па тие го повикале обезбедувањето, по што пациентот му се нафрлил на чуварот, со боксови, удари во главата и целото тело.
Самиот чувар телефонски ни потврди дека нападот му го приредил пациент, но бидејќи беше во болница на иследувања не можеше долго да разговара и да даде детали. Инцидентот се случил во 4 часот изутрината.
Од независниот синдикат на здравствени работници бараат во сите поликлиники да има „копче за паника“ кое може да го активираат здравствените работници и сигналот веднаш да доаѓа до полициската станица. Сметаат дека е неопходен таков чекор, зашто на здравствените работници и на вработените во јавните здравствени установи не им е првпат да бидат физички и вербално напаѓани, дури и со ладно оружје.
-Ние како независен синдикат пред година и половина реагиравме при напад на здравствен работник во ГОБ „8 Септември“ од страна на пациент каде беше извадено ладно оружје. Бараме сите вработени во здравството да имаат статус на службено лице и сите ноќни служби кои се во близина на полициските станици да имаат „копче за паника“ како што има во банките, каде што при такви случувања сигналот веднаш би стигнал до полицијата, изјави за „Слободен печат“ претседателот на независниот синдикат Боби Бојчевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пациент претепал чувар во поликлиника Драчево
Вчера во раните утрински часови пациент претепал…
Левица: Дел од пазарот во Драчево е…
Локалниот огранок на Левица од Кисела Вода…
Насилници нападнале татко и син во Драчево
Татко и син од Драчево рано утрово…
Во сообраќајка во Драчево тешко повредена 27-годишна…
Дваесет и седумгодишна девојка е тешко повредена…
Претрес во Драчево, пронајдена голема количина на…
Полицијата вчера приведе 27-годишен маж од Драчево,…