Пациент со цистична фиброза: Колку време треба да чекам за „Трикафта“, постапете како да сум ваше дете
На никој не би му посакал на ваков начин да ги остварува своите права за работа и лек на социјалните мрежи и медиумите, пишува на Фејсбук Игор Пехчевски, пациент со цистична фиброза и додава дека тоа е крајно понижувачки.
Обраќајќи се до премиерот Димитар Ковачевски и претседателот Стево Пендаровски, Пехчевски прашува уште колку време треба да чека за лекот „Трикафта“ и за пристојно работно место.
Постапете како да сум ваше дете, порача Пехчевски.
Премиерот Ковачевски вчера изјави дека Министерството за здравство и Фондот за здравство заедно со клиниките што се задолжени за пациентитите со цистична фиброза – Клиниката за пулмологија и Клиниката за детски болести веќе работат со потенцијални добавувачи.
Работната група работи на промена на законите со цел да се обезбеди можност за купување директно на лековите од производител кој произведува патентиран лек и со тоа да може да биде достапен лекот по пониска цена од таа која што во моментот ја има, а еден лек е 330 илјади евра, изјави Ковачевски.