Пашинјан: Мирот меѓу Ерменија и Азербејџан сепак е возможен

t

Мирот меѓу Ерменија и Азербејџан не само што е можен, туку е и на дофат на рака, изјави ерменскиот премиер Никол Пашинјан во својот говор на 79-то заседание на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

„Ова е мој четврти говор пред Генералното собрание на ОН и овој говор ќе се разликува многу од претходните. Главните пораки од моите претходни говори беа поврзани со ќор-сокакот во постигнувањето мир меѓу Ерменија и Азербејџан, но денес сакам да кажам дека мирот меѓу Ерменија и Азербејџан не само што е можен, туку е и на дофат на раката. На 30 август Ерменија и Азербејџан потпишаа ’Регулатива за заедничка активност на комисиите за утврдување на државната граница меѓу двете земји‘“, рече Пашинјан.

Тој додаде дека ова е првиот правен документ потпишан меѓу двете земји.

„Што е уште поважно, со овој документ, Ерменија и Азербејџан се договорија да ги дефинираат договорите на Алма Ата од 1991 година како основен принцип за дефинирање на границите меѓу двете земји и ќе се раководат од нив“, рече Пашинјан и објасни дека тоа значи дека двете земји „го потврдуваат принципот на взаемно признавање на територијалниот интегритет и неповредливоста на границите, кој постоел во времето на СССР, што е главен фактор за воспоставување мир“.

„Сега се потврдува дека двете земји немаат територијални претензии една кон друга“, истакна ерменскиот премиер.

Двете земји треба да го направат следниот чекор и да го потпишат Договорот за воспоставување мир и дипломатски односи меѓу Ерменија и Азербејџан. Американскиот државен секретар Ентони Блинкен му порача на Израел дека натамошната ескалација на конфликтот само ќе го отежне враќањето на цивилите дома.

Во соопштението на Стејт департментот се наведува дека за време на разговорот со израелскиот министер за стратешки прашања Рон Дермер ја истакнал важноста од постигнување договор за дваесет и еднодневен прекин на огнот меѓу Израел и Либан.

„Тој нагласи дека натамошната ескалација на конфликтот само ќе ја отежне целта – враќањето на цивилите“, се наведува во соопштението и се додава дека разговарале и за напорите за постигнување прекин на огнот и во Газа.

Израел вчера ги отфрли повиците на меѓународната заедница за примирје во конфликтот со Хезболах, со што му пркоси на својот најголем сојузник – Вашингтон. Тие, исто така, продолжија со нападите во кои загинаа стотици луѓе во Либан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пашинјан: Мирот меѓу Ерменија и Азербејџан сепак…

Мирот меѓу Ерменија и Азербејџан не само…

НАПАДИ ВРЗ ЛИБАН: Загина 9-члено семејство во…

Деветчлено семејство загина денеска во израелско бомбардирање…

„ДЕЈТОН, ПРЕСПА, БЕЛГРАД-ПРИШТИНА, МОРА ДА СЕ ПОЧИТУВААТ“…

Постојат нарушувачи, кои не би сакале ништо…

НАДЕЖТА ЗА ПРИМИРЈЕ СО ИЗРАЕЛ ПОСЛЕДНА УМИРА,…

Oптимизмот дека може да се постигне тринеделен…

Сиљановска Давкова во Њујорк оствари средба со…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во рамки на…