Паѓаат цените на нафтата на светските берзи
Во саботата наутро цените на нафтата на американскиот пазар се движеа надолу, па нафтата WTI, репер за американскиот пазар, изнесуваше 78,01 долари, а нафтата од типот брент 82,08 долари за барел, објави Oil Price.
Цените на нафтата се задржаа на близу 83 долари во петокот, бидејќи извештајот за работни места во САД ги поттикна шпекулациите за забавување на економијата и подобрување на изгледите за намалување на каматните стапки на почетокот на летото.
На лондонскиот пазар цената на барелот е речиси непроменета во однос на четвртокот и изнесува 82,85 долари. Позначителни промени немаше ниту на американскиот пазар, каде барелот се тргуваше по 78,79 долари, пренесува Мина, повикувајќи се на SEEbiz.
На крајот на неделата, трговците се фокусираа на извештајот за американскиот пазар на труд во февруари. Стапката на невработеност благо се зголеми, а растот на платите забави, сигнализирајќи дека економијата можеби забавува.
Бројките водат до заклучок дека побарувачката за работа е намалена, што поддржува толкувања за забавување на економската активност и ги зголемува шансите за намалување на каматните стапки во јуни, потсетува Џовани Стауново од УБС.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Цената на нафтата порасна по израелскиот напад…
Цената на суровата нафта во светот порасна…
Ердоган: Откриени нови резерви на нафта во…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денес изјави…
Турција откри 20 милијарди барели нафта во…
Турција откри 20 милијарди барели нафта во…
Инцидент во српска рафинерија: Истекоа 82.000 литри…
Околу 82.000 литри нафта се излеале за…
Утре одлука за цените на горивата
Регулаторната комисија за енергетика утре ќе одлучува…