Паѓа владата во Британија? Последните анкети покажуваат дека огромен процент на граѓани бараат оставка од Џонсон
Повеќе од половина во Велика Британија сакаат премиерот да поднесе оставка, покажуваат најновите анкети спроведени по изрекувањето на парични казни за премиерот Борис Џонсон и уште педесетина лица поради прекршување на рестриктивните Ковид протоколи во земјата.
Анкетата на YouGov спроведена во вторник покажа дека 57% од Британците мислат дека премиерот Борис Џонсон и канцеларот Риши Сунак треба да поднесат оставки откако им беа изречени казни за прекршување на ограничувањата за заклучување минатата година.
Џонсон е првиот актуелен премиер на Обединетото Кралство кој беше прогласен за виновен за кршење на законот, но тој и Сунак досега одбиваа да се откажат од функциите и покрај тоа што и двајцата категорично негираа дека присуствувале на забавите.
„Не ми падна на памет дека ова можеби е кршење на правилата“, изјави Џонсон по добивањето на казната.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британец и неговата сопруга пpетеpале мигрант со…
Брачниот пар е обвинет за расистички напад…
ПРОЕКТИЛ ПОГОДИ БРОД НА БРИТАНСКАТА МОРНАРИЦА!
Британската кралска морнарица во неделата соопшти дека…
Британија размислува за испраќање војници во Украина?
Британската војска прави планови за непредвидени распоредувања…
Во Британија издадоа предупредување за многу заразна…
Здравствените експерти во Британија издадоа предупредување за…
Истражување: Милиони Британци овој Божиќ ќе мора…
Домаќинствата ќе бидат принудени да ги намалат…