Пеколно топло во цела Македонија – ова се највисоките температури измерени во државата
Македонија речиси 3 недели живее со температури кои не се својствени за овој период од годината..Од Управата за хидрометеоролошки работи ( УХМР) ги измерија температурите во 14 часот на целата територија на Македонија.
“Најладно“ било во Попова Шапка со температура од 23 степени додека во Гевгелија температурата се искачила до 41 степен.
Веднаш после Шапка се Лазарополе, Маврови Анови и Крушево со речиси 31 степен. Од местата каде температурата се искачи до 40-тиот степен се Виница, Дојран, Демир Капија, Велес и Скопје.
Прогнозата е дека и во следните денови ќе се задржи сончево и многу топло време со дневна температура која насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C и до крајот на работнава седмица ќе биде активно портокаловото ниво за опасност од високи температури.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Фирма на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од…
Лиценца за испитен центар се издава за…
Власта бесрамно се фали со донациите на…
Левица ја оценува како крајно дрска и…
Владата најави ново задолжување од 700 милиони…
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска соопшти дека…
Акиов и се извини на службеничката за…
По насилниот инцидент на денешната седница на…
Трагeдија во Охрид: Жена загина кога автомобил…
45-годишна жена од Охрид трагично го загуби…