Пеколот во Пулс го откри вистинската лице на власта – правда нема, виновниците заштитени
Нема правда за најголемата трагедија во поновата историја на Македонија, пожарот во дискотеката „Пулс” во Кочани во кој животот го загубија 62 деца, а над 200 беа повредени.
Поминаа речиси три месеци, а Обвинителството не покрена ниту едно обвинение против актуелни функционери на власта кои биле на функции.
Тоа не може да биде случајно. Тоа е организирана заштита од власта.
Клучното прашање е зошто Мицкоски се плаши од вистината за Кочани?
Дали се плаши дека ако истрагата ја следи вистината, таа ќе стигне до врвот на власта? Дали затоа се штитат вистинските виновници?
Началничката на ОВР Кочани, Марија Цветковска Маневска, и покрај тоа што била на функција за време на трагедијата, остана недопирлива.
Зошто не одговара за тоа што не постапила по службените белешки за незаконското работење на „Пулс”? Зошто не одговара за затворената врата – клучен фактор за смртта на десетици млади?
Зошто не е обвинет сменоводителот Драган Казак Петрушев, за кого има индиции дека бил директно инволвиран во незаконско затворање на дискотеката? Иако има сведочења за негов контакт со сопственикот и контроли надвор од процедура – Петрушев не се гони. Можеби затоа што е кадар на ВМРО-ДПМНЕ?
И Дејан Салтировски, началникот на СВР Штип, е недопирлив.
И покрај сомневањата за фалсификати во акциската документација и неговото присуство во критичната ноќ, обвинение нема. Дали затоа што е во блиска врска со Орце Тодоровски – Ефто, еден од најблиските луѓе до Мицкоски?
Во истрагата се опфатени обични полицајци кои минатата година ја казниле дискотеката, но не и оние кои имале службена обврска да проверат сопственост и правен статус на објектот.
Селективната правда е неправда.
Родителите, семејствата и цела Македонија заслужуваат одговори, а не молк и заштита на виновниците.
Го повикуваме Обвинителството да се ослободи од политичкиот притисок и конечно да спроведе независна, професионална истрага.
СДСМ нема да молчи. Нема да запреме. „Вистината за Кочани” излезе на виделина. Одоговорност мора да има.
Соопштение на СДСМ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Земјотрес во Македонија
Земјотрес со јачина од 3,8 степени според…
Повеќе од 40.000 туристи се заглавени во…
Будење со звукот на сирените за воздушен…
Левица Градско: Итна еколошка контрола поради загадувањето…
Во центарот на Општина Градско, под плаштот…
Трамп никогаш поостар: Ако го нападне САД,…
Американскиот претседател Доналд Трамп порача дека Иран…
(Видео) Аеродромот во Тел Авив во пламен,…
Израелските одбранбени сили (ИДФ) денес објавија дека…