Пенал-мајсторите од Ѓорче уште еднаш покажаа висока класа и го освоија Куп трофејот
Македонија ЃП го одбрани Купот на Македонија и го освои третиот трофеј во историјата во ова натпреварување, по победата со 2-0 во пенал-рулетот против првакот Струга, по едно од најсмешните изведувања на удари од белата точка, со дури шест промашувања.
Новиот македнски шампион Струга не успеа да погоди ни еднаш од четирите шутеви од пенал, промашија Фљамур Таири (преку гол), Марјан Радески и Меџит Незири (двајцата пречка) и Бунјамин Шабани (Христијан Стевковски одбрани), додека Есмин Личина во втората и Емир Скендери во четвртата серија погодија за победа, откако Филип Мишевски и Филип Алексовски промашија, односно Ведран Ќосевски им ги одбрани ударите.
Македонија ЃП по трофеите во 2006 година и лани, сега сќсе искачуваат на третото место на вечната листа, со вкупно три пехари, колку што имаат и Слога Југомагнат и Силекс.
Извор: sport1.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Радев до Сиљановска: Бугарија никогаш нема да…
Бугарскиот претседател Румен Радев изјави дека Бугарија…
Република Српска не го прифаќа британскиот план…
Премиерот на Република Српска, Радован Вишковиќ, изјави…
Нетанјаху не ја исклучува опцијата за атентат…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во интервју за…
„Нано-игла“ илјада пати потенка од човечко влакно…
Истражувачите од Кралскиот колеџ (King's college) во…
Карлсон: Војната со Иран би значела крај…
Познатиот американски политички коментатор и новинар Такер…