Пендаровски: Ако се поништи Договорот од Преспа, ќе не исклучат од НАТО
„Ако се поништи Преспанскиот договор ние излегуваме од НАТО. Просто кажано, ќе не исклучат од Организацијата“, вака изјави вчера претендентот за втор претседателски мандат, Стево Пендаровски, запрашан на митингот во Гевгелија како ги коментира најавите на претседателската кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ за евентуално поништување на договорот со Грција.
Поништувањето на Преспанскиот договор Пендаровски го оцени како најголема политичка глупост и трагедија во исто време зашто, како што рече, во тој случај ќе останеме потполно сами.
-Ако таа госпоѓа (Силјановска Давкова) мисли дека самостојно можеме да ја обезбедиме нашата безбедност, на сите граѓани, на границите, на државата подобро тоа треба да го каже.Тоа е опасен авантуризам. Значи, 30 години сите политички гарнитури не случајно се обидуваа да влеземе во НАТО за да добиеме тапија за нашата безбедност за век и веков, истакна Пендаровски.
Осврнувајќи се на досегашата работа на оваа владејачката гарнитура, Пендаровски посочи на нашето членство во НАТО, каде сме заедно со најсилните, најразвиени светски држави.
-Да немавме внатрешна блокада за неколку години од сега државата ќе беше и полноправна членка на ЕУ, додаде Пендаровски истакнувајќи дека ВМРО-ДПМНЕ го поддржа анти-европското однесување на Бугарија и нивната блокада.
-До сега не сум слушнал ниту една изјава од нивна страна дека почитуваат некој од договорите што сме ги постигнале. Наместо тоа, најавуваат дека одново ќе преговараат и дека ќе постигнат подобри договори. А кој може да гарантира дека ќе постигнат подобри договори? Никој! Само ќе ја уназадат земјата 10-15 години и ќе ја вратат во мрачното минато, подвлече Пендаровски.
Говорејќи пред граѓаните во Гевгелија, претседателскиот кандидат на СДСМ и коалицијата истакна дека актуелната владеачка гарнитура со сите мани и грешки е десет пати подобра од тоа што го нудела опозицијата или го нудат сега.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЛДП го поддржува предлогот од 5% од…
„Во пресрет на претстојниот самит на НАТО,…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Што не го раскине договорот? Мицкоски кон…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска повторно говореше за…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…