Пендаровски: Веројатно не очекувавте да чекаме до 2027 година да се донесе правосилна одлука па да го осудиме нападот над Пендиков

t

ОЈО Охрид соопшти дека при нападот едно од лицата го нападнало претепаниот Пендиков му рекол “Како не ти е срам да се пишеш Бугарин”, рече Пендаровски во одговор на прашањето на Инфомакс дали смета дека требаше да ја почека официјалната истрага на обвинителството пред да го осудат нападот на Пендиков. Според претседателот тоа е доволно за да се осуди настанот, а вели дека веројатно не сме очекувале да чекаат до 2027 година за да се донесе правосилна пресуда.

Претседателот Пендаровски смета дека не е мешање во внатрешните работи на Македонија тоа што Пендиков беше пренесен во Бугарија со официјален владин авион иако против него се води кривична постапка.

– Не е мешање поради тоа што во тој случај човеков што е натепан е оштетена страна во процесот, да беше од другата страна не ќе смееше да ја напушти територијата на Македонија. Се води кривична постапка но ОЈО Охрид не му определил мерка притвор така што тој е слободен човек во таа смисла, вели Пендаровски.

На прашањето дали смета дека досегашните благи реакции на државните органи на бугарските провокации се причина за луѓето да ги земат работите во свои раце и да се случуваат вакви немили настани, претседателот одговори:

– Не можам да зборувам во однос на Владата но ние се обидуваме на културен начин да му пристапиме на ова прашање. Не дека сум на оваа страна, претставник на мојата држава, но Македонија во изминатите години даде навистина коректни реакции, ние одговаравме на демократски и европски начин. Мислам дека ова што денеска го предлагам и се надевам дека Владата ќе го прифати е еден од начините да се покаже дека и демократските држави имаат свои граници, вели Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обраќање на претседателот Пендаровски во Собранието на…

Претседателот Стево Пендаровски, утре, 19 декември 2023…

Пендаровски испратил порака до кабинетот на Ердоган…

Претседателот Стево Пендаровски во текот на вчерашниот…

Дискусија за заедничко дејствување против климатските промени…

Претседателот Стево Пендаровски утре ќе се обрати…

Евроамбасадорот Гир му го презентира Извештајот на…

Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска му го презентира…

Пендаровски се сретна со Фон дер Лајен,…

Како што соопшти прес-службата на претседателот, тие…