Пендаровски во одбрана на Фрчкоски: Професорот не е осуден за никакво кривично дело
Професорот Љубомир Фрчкоски, кој неодамна со указ на претседателот Стево Пендаровски, е назначен за амбасадор на земјава во ООН во Њујорк, не е осуден за никакво кривично дело.
Ова го истакна претседателот Пендаровски во интервју на ТВ Телма, посочувајќи дека во казнената евиденција на МВР има „едно шест-седум пријави минимум“ за Фрчкоски за тендери, коњи, „рејбани“, меѓутоа ниту една од нив не дојдена до обвинителен акт, а не па до пресуда.
Фрчкоски само еднаш е осуден, мислам 2008 година, за клевета на тогашниот премиер Никола Груевски, за објавен текст-колумна во тогашен „Дневник“. Јас не мислам дека за тоа што е осуден го прави недостоен, бидејќи знаеме кој беше Никола Груевски и како владееше и го знаеме текстот на колумната. За обвинувањата од пријавен карактер има полициски записник, има пријава во полициска станица, земена е изјава од тогашната сопруга, земена е изјава од Фрчкоски и полицијата ги упатува да го решат спорот на Суд. Во казнената евиденција на Судот кој ја консултираа од МНР и од мојот Кабинет, нема кривична пријава по тој повод, изјави претседателот Пендаровски.
Тој воедно ја објасни и целата процедура за именување на амбасадори надвор од државата, односно предлозите на Владата.
Според меѓународната пракса околу 90 дена се чека согласност од државата каде што сакате да го праќате. По 90 дена многу ретко доаѓа негативен одговор, обично Ви текнува дека не е тој човек за кандидат. Во март Владата ми го предлага Фрчковски за амбасадор. Неполн месец дена после тоа, не после два-три-пет дена, па да речат овие не го сакаат, добивам нов предлог од тогашната Влада за Њујорк, рече претседателот Пендаровски, посочувајќи дека во законот постојат неколку услови кој ве оневозможуваат да бидете на амбасадорска позиција, како што е двојното државјанство, ако сте осуден за некое дело на подолго од шест месеци и ако сте осуден за кривично дело кое ве прави недостоен за таа работа – функција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обраќање на претседателот Пендаровски во Собранието на…
Претседателот Стево Пендаровски, утре, 19 декември 2023…
Пендаровски испратил порака до кабинетот на Ердоган…
Претседателот Стево Пендаровски во текот на вчерашниот…
Дискусија за заедничко дејствување против климатските промени…
Претседателот Стево Пендаровски утре ќе се обрати…
Евроамбасадорот Гир му го презентира Извештајот на…
Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска му го презентира…
Пендаровски се сретна со Фон дер Лајен,…
Како што соопшти прес-службата на претседателот, тие…