Пендаровски: Елизабета Втора нема никаква корелација со случувањата во Егејска Македонија по војната
Претседателот Стево Пендаровски вчера зборуваше за кралицата Елизабета Втора и полемиката во јавноста дали треба да се оди на погребот.
-Мојот резон и на повеќето од оваа политичка гарнитура, разбираат дека почит мора да се даде кон монархот кон кралицата на државата, која заедно со САД беше веројатно најзаслужна за нашето меѓународно етаблирање. Британската дипломатија во 1991/92 година, пред нашето членство во Обединетите нации, беше предводник на процесот за да влеземе под референцата во ОН, дури и американските дипломати не беа такви предводници, вели Пендаровски во емисијата „Трилинг“.
Тој објасни дека кралицата била крунисана во 1952 година, а граѓанската војна во Грција е 1946-1949 година.
-Не велам дека 46-49 година британските дипломати и воени сили имале позитивна улога за нашите што живееле таму, но тоа нема никаква корелација со Елизабета Втора. Значајно е што првата деценија кај нас е со породилни маки, заклучно со 2001 година. Пред потпишувањето на Рамковниот договор, тој беше значајно помогнат од американската и британската дипломатија. И тука треба да им бидеме благодарни што ја спасија државата од голема граѓанска војна. Тие беа предводници во смирување на состојбата, додаде Пендаровски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обраќање на претседателот Пендаровски во Собранието на…
Претседателот Стево Пендаровски, утре, 19 декември 2023…
Пендаровски испратил порака до кабинетот на Ердоган…
Претседателот Стево Пендаровски во текот на вчерашниот…
Дискусија за заедничко дејствување против климатските промени…
Претседателот Стево Пендаровски утре ќе се обрати…
Евроамбасадорот Гир му го презентира Извештајот на…
Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска му го презентира…
Пендаровски се сретна со Фон дер Лајен,…
Како што соопшти прес-службата на претседателот, тие…