Пендаровски засега не размислува за втор мандат за претседател на државата
Претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски сега не размислува за втор претседателски мандат, истакна тој на прес-конференција на која зборуваше за договорите со Бехтел и Енка.
Неговиот мандат истекува следната година, а во овој момент тој не размислува за втор. На прашањето дали му е страв од можноста поддршка за претседател да добие министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, Пендаровски рече дека ако некој има страв тогаш ќе остане дома да гледа телевизија.
„Ако имаш страв во животот не се впушташ во ниедна работа, не само во политиката. Најбитно е да немаш не страв од некого, да имаш доверба во себеси. Ако самиот се чувствуваш подготвен, не постои толку голем страв од некој опонент потенцијален кој може да те инхибира и да останеш дома и да гледаш телевизија“, рече претседателот Пендаровски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обраќање на претседателот Пендаровски во Собранието на…
Претседателот Стево Пендаровски, утре, 19 декември 2023…
Пендаровски испратил порака до кабинетот на Ердоган…
Претседателот Стево Пендаровски во текот на вчерашниот…
Дискусија за заедничко дејствување против климатските промени…
Претседателот Стево Пендаровски утре ќе се обрати…
Евроамбасадорот Гир му го презентира Извештајот на…
Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска му го презентира…
Пендаровски се сретна со Фон дер Лајен,…
Како што соопшти прес-службата на претседателот, тие…