(Видео) Пендаровски: За мене францускиот предлог е прифатлив, држава со 1,8 милиони жители и 500 евра плата не може да добие повеќе
Советот беше во полн состав, плус на моја покана присутен беше и вицепремиерот за евроинтеграции, Бојан Маричиќ, рече Стево Пендаровски на денешната прес конференција по завршување на седницата на Советот за безбедност.
Според мене логично е да разговараме за францускиот предлог поради тоа што е стратешко за државата.
Ставовите на другите членови ги знаете, сметам дека треба јас да го кажам мојот став.
Не верувам дека ова е судбинска дилема да се биде или не за нацијата на државата и нацијата, мојот став е дека со одлуката да се прифати предлогот носиме одлука да ги отвориме преговорите. Преговорите ќе траат со години, кратките преговори завршија минатиот век.
Одлуката за прифаќање нема да биде историски триумф ниту историски неуспех како што би кажале и едните и другите, според мене тоа е транзиционен компромис и според мене предлогот во овој формат е прифатлив.
Со него се крева блоадата и се започнуваат преговорите, овозможува скрининг процес и со ништо не го поткопува македонскиот идентитет затоа што за тоа и за јазикот има фиста формулација.
Тој го решава актуелниот проблем но во себе предвидува нова блокада која ќе биде наша, домашна бидејќи двотретинско мнозинство за промена на Уставот е сега невозмомжно, рече Пендаровски.
Убеден сум дека не сме можеле да добиеме повеќе, држава со 1,8 милиони жители и 500 евра просечна плата толку може да добие, Бугарите можат да не кочат кога сакаат и како сакаат, додаде Пендаровски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пицула за БГНЕС: „Српскиот свет“ е опасен,…
„Српскиот свет“ е опасен. Местото на Западен…
Правда „засука ракави“: Изготвени дваесетина закони како…
Со новите измени на кривичниот законик ќе…
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Филипче од Атина: Македонија е заглавена со…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на меѓународна…
Фон дер Лајен предложи нов пакет санкции…
Во вторник, Европската комисија (ЕК) го предложи…