Пендаровски за Мицкоски: „Големите правници” не му објасниле на „експертот за енергетика“ дека Уставниот ја потврди законитоста на моите одлуки
Поранешниот претседател Стево Пендаровски реагира на обвинувањата на премиерот Христијан Мицкоски дека тој за време на својот мандат во ковид-пандемијата донел незаконски и неуставни одлуки. Пендаровски, како што посочува во реакцијата, до Собранието ги доставил сите одлуки поврзани со прогласувањето на вонредната состојба, а Уставниот суд веќе се изјаснил во однос на легалноста. Нападите на премиерот ги толкува како неосновани клевети.
„Навистина мислев да не му давам на значење на господинот Мицкоски, затоа што ја разбирам неговата потреба катастрофалните ’резултати’ од своето досегашно владеење да ги покрива со коментари за работи кои не ги разбира, но, заради јавноста ќе морам да објаснам некои работи кои за жал на ’експертот за енергетика’ претходно не му ги објасниле неговите ’големи правници’. Имено, Уставниот суд уште пред повеќе од пет години со мнозинство гласови потврди дека одлуките за вонредната состојба се во склад со Уставот и законите“, вели Пендаровски.
Во објавата на Фејсбук, Пендаровски посочува и дека уредбите со законска сила ги носеше и ги имплементираше Владата.
„Дали таму имало злоупотреби, тоа државните институции кои сега се под тотална контрола на Мицкоски можат да го проверат кога сакаат, ако сакаат. Трето, сите одлуки за прогласување на вонредна состојба беа доставени од моја страна до Собранието и тоа веднаш по завршувањето на таа состојба. Мене ми е јасно дека и ова образложение нема да го спречи Мицкоски да продолжи неосновано да обвинува и клевети, затоа што тоа е, за жал, единствениот начин на кој е научен да владее“, порачува Пендаровски.
Премиерот Мицкоски претходно кажа дека постојат сериозни сомневања оти дел од одлуките донесени од страна на поранешниот претседател Стево Пендаровски за време на ковид-пандемијата биле спротивни на Уставот и законите.Тоа, според него, го отвора прашањето за институционална и кривична одговорност. Го повика и Обвинителството да постапува по допрен глас.
Обвинувањата кон Пендаровски од страна на премиерот беа изнесени во контекст на тврдењето дека поранешниот министер за здравство и актуелен лидер на СДСМ, Венко Филипче, со помош на експремиерот Зоран Заев преку уцена и притисок се обиделе да го преземат сопствеништвото на приватната клиника на кардиохирургот Жан Митрев.
„Ние знаевме какви мафијашки упади се случуваа особено во тој период кога се носеше таа, би рекол, вонредна состојба, кога со уредби со сила на закон се натсинхронизираше законот и Уставот во Македонија. Има многу сведоштва кои говорат за однесувањето на владата во тој период, вие знаете, сè уште тие законски уредби и одлуки на Стево Пендаровски во тој период стојат непоминати во Собранието, треба да ги видиме и Собранието да се произнесе во периодот што следи, што со тоа, дали можеби има и одговорност тука од страна на поранешниот претседател“, рече Мицкоски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пендаровски за Мицкоски: „Големите правници” не му…
Поранешниот претседател Стево Пендаровски реагира на обвинувањата…
Германските војници го напушија Гренланд неколку часа…
„Билд“ известува за ненадејното заминување на германскиот…
Скопјанец со автомобилот удрил во млад човек…
На 17 јануари 2026 година, околу 14:40…
Марихуана пронајдена во облека на осуденик во…
Од СВР Скопје известуваат дека вчера во…
Левица: Со увоз на евтина работна сила,…
„Одлуката на Владата на ДПМНЕ и Мицкоски…