ПЕНДАРОВСКИ ИЗДАДЕ НАРЕДБА: Да се подготви контингент војници и помош за Словенија!
Претседателот Стево Пендаровски како врховен командант на вооружените сили на Армијата на Република Македонија издаде наредба до началникот на Генералштабот на Армијата да се преземат мерки за подготовка на контингент војници и материјално-технички средства коишто најскоро би биле упатени во Република Словенија за помош во справувањето со последиците од катастрофалните поплави кои ја погодија целата земја.
Како што се наведува во соопштението од Кабинетот на шефот на државата, Пендаровски претходно во разговор со словенечката претседателка Наташа Пирц-Мусар изрази жалење и сочувство до Словенија и сите нејзини жители за загубите и штетите претрпени во поплавите кои беа со огромен размер и искажа подготвеност за помош.
„Словенија е голем пријател на Македонија, дом на многу наши сограѓани, наш сојузник во НАТО, држава со која соработуваме во повеќе процеси и иницијативи, а целиме да имаме и заедничка иднина во рамки на ЕУ. Македонското општество се сеќава на помошта која Словенија ни ја дала во минатото при справување со природни непогоди и ние сме подготвени да помогнеме согласно искажаните потреби од словенечката страна во рамки на нашите можности“, се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателот Пендаровски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ и Алијанса на Таравари: Стоилковиќ ги…
ДУИ и Алијансата за Албанците на Арбен…
Постапка против осомничен за тешка кражба
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
Захарова: Светот е на милиметар од нуклеарна…
Светот е на милиметар од нуклеарна катастрофа…
Среде бел ден ограбена 79-годишна жена во…
Седумдесет и деветгодишна жена останала без чанта…
Туфегчиќ бара ослободителна пресуда за Ѓорчевски: Обвинението…
Обвинението против Александар Ѓорчевски е во целост…