Пендаровски: Наскоро ќе има нови имиња на црната листа на САД

t

Претседателот на државата Стево Пендаровски вечерва истакна дека во наредниот период се очекува уште неколкумина да бидат ставени на црната листа на САД.

– Очекуваме во наредниот период уште неколкумина да бидат на таа листа. Не ги знаеме. Веројатно сличен калибар како вториот што е ставен на листа. Да, бизнисмен, според некои најави, иако не ги знаеме. Не ги кажуваат однапред имињата кои ќе бидат, меѓутоа профилот отприлика ни е даден со опис за тие двајца-тројца. Да не шпекулирам, тоа е нивна суверена одлука кога ќе ја објават. Велат наскоро. А што е тоа наскоро, не знам, рече Пендаровски на гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

САД неодамна на црната листа ги стави градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко и бизнисменот Јордан „Орце“ Камчев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп најавува дека  ќе стави крај на…

Доналд Трамп, кој ќе ја преземе функцијата…

Трамп: Апсолутно е неопходно Америка да ја…

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп смета дека…

Бајден одобри пакет воена помош за Тајван

Американскиот претседател Џо Бајден одобри нов пакет…

Зеленски: Европа не може да ја спаси…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика Европејците…

Бајден: Секако дека ќе присуствувам на инаугурацијата…

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека ќе…