Пендаровски на средба со претавници на секторот за игри на среќа
Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со претставници на Здружението на вработени во секторот игри на среќа „Сакам да работам“.
На средбата, како што соопшти неговиот Кабинет, се разговараше за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за игрите на среќа и за забавните игри, кој по предлог од Министерството за финансии со европско знаменце е доставен до Собранието на Република Македонија.
Претставниците на Здружението информираа за последиците од носењето на овие измени кои според нив ќе предизвикаат губење на работни места на вработените во овој сектор и ќе придонесат кон драматични финансиски импликации. Тие изразија негодување и за одлуката предложените измени да бидат со европско знаменце, што подразбира да се одвиваат со побрза динамика и скратена постапка, а посочија дека во предложените измени има серија одредби кои не се во согласност со Уставот.
Претседателот Пендаровски ги сослуша аргументите на претставниците на Здружението на вработени во секторот игри на среќа „Сакам да работам“ и порача дека е неопходна општествена јавна дебата со вклучување на сите засегнати страни како би се дошло до одржливо законско решение. Претседателот апелираше предложените измени да одат во регуларна процедура во законодавниот дом за да има време да се соочат сите ставови и да се изнајде решение според највисоките европски стандарди за организирање игри на среќа, кое ќе го штити националниот интерес и ќе претставува баланс меѓу засегнатите страни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Путин ги отвори игрите на БРИКС: Учествуваат…
Рускиот претседател Владимир Путин ги прогласи за…
Обраќање на претседателот Пендаровски во Собранието на…
Претседателот Стево Пендаровски, утре, 19 декември 2023…
Пендаровски испратил порака до кабинетот на Ердоган…
Претседателот Стево Пендаровски во текот на вчерашниот…
Дискусија за заедничко дејствување против климатските промени…
Претседателот Стево Пендаровски утре ќе се обрати…
Евроамбасадорот Гир му го презентира Извештајот на…
Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска му го презентира…