Пендаровски нема да користи привилегии, ќе се врати на Универзитет
Извори на ТВ21 дознаваат дека претседателот Стево Пендаровски кому му завршува мандатот ќе се откажел од привилегиите кои му следуваат согласно законот и ќе се врател на старото работно место. Пендаровски, како што пренесуваат, најверојатно нема да користи државен кабинет со работници и доживотна државна пензија и ќе се врати да работи како професор на универзитетот Американ колеџ Скопје.
Како што дознава ТВ21, Пендаровски веќе започнал со консултации со бордот на универзитетот, но и со други соработници околу неговото враќање како професор.
Пендаровски како професор работеше и пред да ја преземе функцијата, претседател на државата. Тогаш студентите често знаеја да речат дека тој е нивниот омилен професор.
Преходните председатели Бранко Црвенковски и Ѓорѓе Иванов ги користат привилегиите од законот за екс председатели – пензија во висина на плататата на шефот на државата, кабинет со секретарка и автомобил со шофер. Пендаровски неодамна и јавно најави дека ќе се откаже од привилегиите кои ги користат неговите претходници и ќе се врати на работното место од каде што дојде на функцијата шеф на државата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…
Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…
Аташето за култура и образовани на САД…