Пендаровски: Односите со Бугарија се влошија во моментот кога се сретнав со претставници на ОМО “Илинден Пирин”

t

Во вечерашното гостување во „Само интервју“ на Канал 5, Пендаровски рече дека нарушувањето во односите почнало откако ги примил на средба претставниците од ОМО „Илинден Пирин“. Според Пендаровски, оттогаш бугарската страна „се вратила на стариот вокабулар“.

„Мислам дека Петков, бидејќи беше фронтално напаѓан во владата, му требаше да ја засили политичката референца“, рече Пендаровски.

Тој смета дека ниту една земја-членка на ЕУ не ги разбира бугарските аргументи.

Понатаму, претседателот рече дека е коректна позицијата на ВМРО-ДПМНЕ, која нема да поддржи Бугарите да влезат во Уставот, доколку нема гаранции за Македонија. Според Пендаровски, ако од Софија велат дека сакаат промена на Уставот, на ист начин треба да кажат дека ќе се обврзат дека нема да поставуваат нови барања и услови.

– Ако вие ми кажете дека сакаме да бидат гарантирани правата на Бугарите во Македонија, јас немам проблем со тоа, но на кој начин. Тие мислат дека треба да биде на самиот почеток, да го смениме Уставот и тоа за нив да биде најголема гаранција, јас мислам дека тоа е еден тип на уцена. И во тој дел треба сме чесни и да признаеме дека македонската опозиција има коректна позиција. Власта и опозицијата имаат идентична позиција за гаранции, изјави Пендаровски.

Тој додаде дека на почетокот да ги внесеме Бугарите и после да речат дека имаат и друго барање, и трето и петто, тоа може да биде повеќекратно вето.

– Ние мораме да имаме некаква гаранција и од Бугарија и од Брисел дека ова ќе биде последното барање. До овој момент нема позитивни сигнали од Софија, рече Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Втори август е славен датум за нашата…

Република Бугарија останува решена да работи на…

Сиљановска од Пелинце го честита Илинден со…

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати…

(Видео) „Вмровска“ шота за прослава на Илинден…

Со албански фолклор Собранието го одбележува најголемиот…

(Видео) Државата гори, Мицкоски сам слави Илинден,…

Премиерот Мицкоски и владината делегација меѓу кои…

Груевски: Славењето на хероите ќе создаде нови…

Честитка по повод Илинден објави поранешниот премиер…