Пендаровски од Крушево: Ќе победиме, за бојкот тие нека му ја мислат

t

Кандидатот за претседател на СДСМ Стево Пендаровски вчера ја продолжи кампањата со средба со жителите на Крушево.

-Борбата почнува од нула, како да немало прв круг – рече Пендаровски пред крушевчани.

Тој ги негираше обвинувањата на опозицијата дека ќе го бојкотира вториот круг од претседателските избори.

-Дали е логично да дојдам јас во Крушево, ако мислам да бојкотирам? Јас мислам со сите вас да победам! Кој сака нека бојкотира, ниту сум бојкотирал 2014-та, ни 2019-та, ни 2016-та, ни оваа 2024-та нема да бојкотирам. Тие нека му ја мислат за крајниот резултат. Ние сите го знаеме и наместо бојкот ние ќе прославуваме – истакна Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Седумгодишно дете со возило ја прегазило десетгодишната…

Вчера во 18.55 часот во Полициската станица…

Малите општини нема да добијат ниту евро…

Градоначалникот на Крушево Томе Христоски, во дебатната…

Во сабота ѕвездено небо во Крушево во…

На 5-ти октомври (сабота) со почеток од…

Во Крушево пристигнаа повеќе од 150 коњаници

Со традиции и благослови, крушевчани вечерва официјално…