Пендаровски открива: Во НАТО ме прашаа за Онишченко!
Во последните две години Агенцијата за разузнавање воопшто не била прашана за странски лица кои бараат државјанство, истакна синоќа претседателот Стево Пендаровски во емисијата „Патот кон“ на Алсат ТВ.
„Последниве две години Агенцијата за разузнавање воопшто не е прашана за мислење за странски државјани кои бараат државјанство. За жал, ниту во случајот со Онишченко, таму воопшто не беа прашани, иако имаа информации за Онишченко и други лица“, рече Пендаровски.
Шефот на државата беше прашан за мислење за случајот со прорускиот олигарх Олександр Онишченко, за кого Агенцијата за национална безбедност призна дека направила пропуст со издавање на македонско државјанство, а Владата потоа покрена постапка за одземање на неговиот пасош.
Агенцијата за разузнавање на чело со Еролд Музлиу е под надлежност на претседателот на државата, а претседателот рече дека било задолжително оваа институција да биде прашана за мислење.
„Првиот ден реков дека ова недозволиво за земја члена на НАТО. Тоа беше голем пропуст и кикс на неколку државни институции. Се работи за огромен скандал кој неспорно го руши кредибилитетот на државата. Јас бев вчера во главната команда за Европа на Алијансата и таму ме прашуваа, меѓудругото, за тој случај и што мислам за него и до каде е постапката“, рече претходно Пендаровски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…
Сиљановска ќе почека да се формира новата…
ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…
Со 88 гласа “за” пред 3 часот…
Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…
Аташето за култура и образовани на САД…