Пендаровски повторно удри по Бугарите: Најостро го осудувам каменувањето на македонскиот клуб, Јорданов нема елементарна култура, а Бугарија да го осуди нападот на македонски полицајци
„Најостро го осудувам вандалскиот чин на каменување на „Македонскиот клуб – Никола Јoнков Вапцаров“ во Благоевград, Република Бугарија. Вандализам и криминал од овој вид не се европски вредности и потребна е осуда, а се разбира и откривање и соодветни казни за сторителите на овој чин“. Вака реагира шефот на државата, Стево Пендаровски во писмено соопштение испратено до медиумите, а во врска со искршените стакла на културниот македонски центар во Благоевград.
„Истовремено, изразувам жалење за инцидентите на македонската граница предизвикани од страна на група граѓани на Република Бугарија предводени од пратеници во нивниот Парламент. Изразувам жалење што не сведочиме и на осуда за нападите насочени кон македонските полицајци и кон македонските институции.
На припадниците на полицијата и надлежните органи им честитам за достоинството и професионализмот при справувањето со агресивните вандали.
Исто така, сакам да се осврнам и на изјавата на поранешниот амбасадор на Република Бугарија во Република Македонија, а сегашен пратеник во Европскиот Парламент, Александар Јорданов, која содржи навреди и погрдни фрази за македонскиот народ, потполно недолични за еден дипломат и пратеник во Европскиот Парламент. Во овој случај сакам да додадам дека не станува збор само за отсуство на елементарна култура кај именуваниот, туку и за најостра форма на говор на омраза, која е без преседан во историјата на македонско-бугарските односи.
За жал, територијалните претензии и негирањето на македонската нација станаа секојдневие.
За ваквите негаторски испади, очекуваме навремена и соодветна реакција на официјална Софија“, стои во реакцијата на Пендаровски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…