Пендаровски: Познат сум како политичар со свое мислење

t

Претседателот Стево Пендаровски тврди дека во Македонија е познат како политичар кој има свое мислење.

Според неговото внатрешно чувство, Македонија тешко може да се надева на датум од ЕУ во јуни.

Вели дека Софија засега не дава сигнали за промена на ставот и услишување на барањата од Скопје за тргање на ветото и отворање на преговорите за влез на Република Македонија во Европската Унија.

Претседателот Стево Пендаровски вели дека не гледа значителна промена во однесувањето на Бугарија и смета дека шансите за деблокада до крајот на јуни се половични.

Во интервју за Еуроњуз Бугарија или Албанија, Пендаровски истакна дека и покрај сите случувања на европскиот континент со руската инвазија на Украина и сите геополитички мотиви што го доведуваат во прашање концептот на обединета Европа, бугарската позиција сè уште е тешка, и не се забележани значителни промени, во пресрет на одлуката на Брисел што се очекува до крајот на јуни.

,,Но, ако ме прашувате мене, ако прашувате за моето внатрешно чувство – во С. Македонија сум познат како политичар кој го кажува своето мислење. Немам еден личен или друг официјален став. Ќе ги ценам нашите шанси за почеток на преговорите, конечно по 17 години во кои сме кандидат, на помалку од 50 отсто”, рече претседателот Пендаровски.

Бугарија како Грција, Добрососедски како Преспански договор

Бугарија, посочува шефот на државата, пробува да го имитира однесувањето на Грција кон Македонија во последните децении, поставувајќи предуслов за влез во Унијата, но бугарските барања се многу поконтроверзни од грчките со оспорувања на македонскиот идентитет.

,,Грците никогаш не го доведуваа во прашање нашето етничко потекло. Никогаш не рекоа „не си Македонец“. Во ситуацијата со Грција, дадовме можност, ако сакате да се идентификувате како етнички Македонец, можете да го направите тоа. Ако некои луѓе во Грција денес велат дека се Македонци, имаат право на тоа. Бугарија го оспорува идентитетот на Македонците и тоа е големиот проблем”, вели претседателот Пендаровски.

Според него, Бугарија ја изразува позицијата на бугарското општество, како резултат на долгогодишниот став на бугарските политичари и историчари, што датира од времето на комунизмот.

Пендаровски смета дека е потребно да се говори за вистинските аргументи и критериуми што државата ги исполни за влез во Унијата, а не да се дискутира за 19 или 20 век и за спорни историски прашања.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…