Пендаровски постхумно ги одликуваше Крсте Црвенковски и Невена Георгиева – Дуња

t

По повод одбележувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, претседателот Стево Пендаровски, денеска на свечена церемонија ги додели одликувањата Орден на Република Македонија, Орден за воени заслуги и Медал за храброст.

Со Орден на Република Македонија, постхумно беше одликуван Крсте Црвенковски, за својот особен, стратешки, долготраен и неповторлив придонес во втемелувањето и во развојот на македонската држава и на македонското општество.

Неговата визија и неговиот конкретен влог во формирањето на македонското општество, културата и на политичката прогресивна и еманципациска патека е од непроценливо значење. Црвенковски активно се застапува за рамноправноста и за посебноста на народите и на плуралистичките културни идентитети во општеството, како и за легитимните интереси на републиките и на нивните народи и народности, како основа за градење на сојузната политика.

Тој е еден од најзначајните, најпрогресивните и водечките политичари во историјата на македонската државност, којшто остава трајни вредности во развојот на политичката култура.

Со Орден за воени заслуги, претседателот постхумно ја одликува Невена Николова Георгиева – Дуња, за извонредната храброст, пожртвуваноста, непоколебливоста и за лидерската улога во антифашистичката борба во работничките и во синдикалните движења, коишто се застапувале за социјална правда, со што ја задолжи нашата држава со своето херојско дело и со својот пример за посветеност на заедничката цел и на заедничката борба за подобар и поправеден свет.

Невена Николова Георгиева-Дуња е првата македонска партизанка, којашто била дел од Народноослободителната војна. Таа е пример за тоа дека младоста во заедништво со зрелоста, истрајноста и со посветеноста се предуслов за создавање прогресивни општествени и идеолошки наративи.

Со Медал за храброст беа одликувани: Никола Стојановски, Јован Величковски, Трајанка Аврамовска (постхумно), Илија Дуновски, Никола Николоски, Цветко Цветкоски, Кадрија Џафери и Дафинка Богоева. Осумтемина се одликуваат за пожртвуваноста, за истрајната борбеност и за животната посветеност на високите цели на заедницата, како и за целокупниот влог во Народноослободителната борба, што се согледува низ нивните карактеристики, а и низ карактеристиките на голем број генерации борци, кои не ги штедеа своите животи за слободата, втемелувајќи ги основните насоки за градење на државата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…

Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…

Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…