Пендаровски потврди дека не постои “флашката” на Мицкоски: Ниту имало состанок, ниту стенограм за амнестија на Груевски
Ја оспорувам тезата дека измените на Кривичниот законик се направени за поранешниот премиер Никола Груевски да се врати. Не е вратен. Јас не го гледам. Сигурно и да има (некаков план за негово враќање) нема да оди преку мене, истакна вечерва претседателот на државата Стево Пендаровски.
– План А, план Б кај мене нема. Јас не сум дел од некаков план. Имаме еден месец закон во сила, потпишан указ. Каде е Груевски? Како е вратен? Каде е скриената амнестија? Медиумите шпекулираат дека Груевски ќе се врати со некое начелно правно мислење на Врховниот суд. Тогаш зошто се измените на Кривичниот законик, ако беше доволно да ги усвоиме па да се врати, праша Пендаровски во вечерашното интервју во емисијата Вин Вин на ТВ Телма.
Шефот на државата тврди дека „во ниедна варијанта“ не би дал амнестија како претходниот претседател Ѓорге Иванов, но потврди дека му пристапиле со барање за амнестија на Груевски од врвот на најголемата опозициска партија.
-Да бидам прецизен од врвот на најголемата опозициска партија бидејќи, таму немојте да мислите дека владее идеално единство. Има луѓе кои би сакале да бидат калиф наместо калифот. Повеќе не можам да ви кажам, рече Пендаровски. Потоа додаде дека нему директно никој не му пристапил, туку дека тоа било направено преку посредници.
Шефот на државата го негира тврдењето на опозицијата дека имало состанок кај него за амнестија за што се има стенограм, како што претходно тврдеше Мицкоски и тоа беше повод за почеток на нападите кон поранешниот претседател на партијата, Никола Груевски со што предизвика раскол во ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фала Мицкоски и Тошковски – Нов парк…
Во Радуша никнува нов парк, но не…
Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…
РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…
Мицкоски на средба со дијаспората во Њујорк
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски оствари средби…
Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…
Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…
Борисов: Со Мицкоски сме „сестри“, но и…
Со партијата на премиерот на Македонија, Христијан…