Пендаровски: По 20 години зборување за ЕУ и НАТО со кој образ ќе излеземе пред граѓаните…
Во врска со нашата позиција во однос на проширувањето, претседателот Стево Пендаровски за Утрински брифинг вели дека е извесно оти бугарското вето ќе остане и дека нашиот пат кон ЕУ ќе стагнира, но дека треба внимателно да се постапува во однос на другите иницијативи за здружување и соработка меѓу европските земји.
-Во изминативе години имавме преголеми очекувања. Бугарскиот премиер Кирил Петков е осамен лик на политичката сцена на Бугарија. За нас таа приказна е завршена и не моеме да очекуваме промена на позицијата на Бугарија во однос на ветото што го наметна кон нашата земја. Моја проценка е дека Петков се обидува со сѐ што прави да го омекне националистичкото крило во Бугарија. Имаше анкета и кај нас во која 72 отсто од граѓаните се против договор со Бугарија дури и при услови на зачувување на нашиот идентитет, вели Пендаровски.
Пендаровски потсетува дека има стравувања во врска со Отворен Балкан, чијашто идеја е добра, но постои можност да стане алтернатива на Европската унија, во некој формат каков што предложи францускиот претседател Емануел Макрон, а веднаш беше поддржано од германскиот канцелар Олаф Шолц.
-Ние по 20 години кажување и зборување за ЕУ и НАТО, со кој образ ќе излеземе пред граѓаните и да им кажеме дека еве сега ќе се вклучиме во една нова европска иницијатива. Ние мора да знаеме дали таа иницијатива на Макрон се однесува на Украина, Грузија и Молдавија или нѐ опфаќа и нас, вели претседателот Пендаровски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обраќање на претседателот Пендаровски во Собранието на…
Претседателот Стево Пендаровски, утре, 19 декември 2023…
Пендаровски испратил порака до кабинетот на Ердоган…
Претседателот Стево Пендаровски во текот на вчерашниот…
Дискусија за заедничко дејствување против климатските промени…
Претседателот Стево Пендаровски утре ќе се обрати…
Евроамбасадорот Гир му го презентира Извештајот на…
Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска му го презентира…
Пендаровски се сретна со Фон дер Лајен,…
Како што соопшти прес-службата на претседателот, тие…