Пендаровски: Присуството на пет илјади војници на НАТО во Косово гаранција дека кризата нема да се прелее во регионот
Присуството на пет илјади војници на НАТО во Косово е гаранција дека кризата нема да се прелее во регионот. Добро е што Македонија, Црна Гора и Албанија се членки на НАТО, така што може да се спречи директна конфронтација на косовската и српската армија, изјави претседателот на државата Стево Пендаровски во интервју за Македонското радио.
Ако немаше пет илјади војници на НАТО при последните проблеми, конфликти и тензии на Северно Косово, а и претходно имаше такви ситуации, без НАТО трупите таму конфликтот ќе се прелееше и ќе имаше прво, директна конфронтација меѓу српската и косовската армија и полиција и после тоа и околината ќе беше зафатена – рече Пендаровски.
На прашањето дали ќе се кандидира за втор мандат, Пендаровски вели дека тоа ќе зависи од позитивната оценка на граѓаните за неговиот досегашен ангажман како Врховен командант на вооружените сили и претседател на државава.
Моето натамошно ангажирање во политиката ќе зависи само од една работа. Не дали јас имам мерак да бидам на оваа позиција или на некоја друга, туку само од тоа дали мојот досегашен мандат и здравје боже до година целиот истеран мандат од пет години ќе биде позитивно оценет од граѓаните. Ако граѓаните немаат позитивно мислење пристојни бројки проценти за ова што го правам изминативе четири и пол – пет години, тогаш секако нема да ме гледате во политиката – додаде Пендаровски во интервјуто за Македонското радио.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел ќе реализира летови за репатријација на…
Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…
Трамп: Не гледам дека Москва или Пјонгјанг…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не…
Моторџија од Србија е тешко повреден во…
„На 16.06.2025 во 15:00 часот во СВР…
Дете од Дебар е тешко повредено во…
Возач на автомобил вчера во Дебар удрил…
Се гради најголемата пловна населба во Европа!
Најголемата пловна населба во Европа наскоро би…