Пендаровски распали по БПЦ: Кои сте вие да размислувате за името на МПЦ-ОА?!
Претседателот Стево Пендаровски смета дека има координирана државна политика меѓу бугарските власти и Бугарската православна црква (БПЦ), откако Синодот на БПЦ денеска соопшти дека ја прифатил одлуката на Вселенската Патријаршија за примање на МПЦ-ОА во канонско единство, но наведе и дека „за името на црквата во Северна Македонија допрва ќе се разгледува“.
-Денеска ја видов одлуката на БПЦ дека ја признаваат црквата на Северна Македонија. Замислете дека безобразието оди до таму, да последната реченица од тоа кусо соопштение вели дека ќе размислиме околу дефинитивното име. Тие велат дека ја признаваат црквата во Северна Македонија, а за нејзиното име ќе размислиме во следниот период. Кои сте вие да размислувате?, порача Пендаровски во емисијата „24 анализа“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
БПЦ за „Софија Прајд“: Гревот не може…
На денот кога ќе се потсетиме на…
Обраќање на претседателот Пендаровски во Собранието на…
Претседателот Стево Пендаровски, утре, 19 декември 2023…
Пендаровски испратил порака до кабинетот на Ердоган…
Претседателот Стево Пендаровски во текот на вчерашниот…
Дискусија за заедничко дејствување против климатските промени…
Претседателот Стево Пендаровски утре ќе се обрати…
Евроамбасадорот Гир му го презентира Извештајот на…
Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска му го презентира…