Пендаровски: Само со љубов и храброст какви што ги гледаме во ликот на Божјата мајка, може да чекориме низ животот
Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, упати честитка до Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустиниана Прима Г.Г.Стефан и до сите верници од православна вероисповед во Република Македонија.
„Дозволете ми Вам лично, на членовите на Светиот архиерејски синод, на преподобното монаштво и свештенство, како и на сите православни верници, да ви го честитам големиот христијански празник, Успение на Пресвета Богородица.
Чествувајќи го еден од најблагородните и највозвишените празници, Успение на Пресвета Богородица, преку кој се испраќаат суштински пораки од искона па сѐ до нашето совремие, важно е да се потсетиме дека Пресвета Богородица, Божјата мајка е парадигма за сето она по кое што безмерно трага современиот човек: сострадалност, грижа, храброст, стоичност, емпатија, љубов.
Овој голем празник исто така ни покажува и дека секое искушение треба да го понесеме заеднички и поединечно во смирение.
Честитајќи го празникот Успение на Пресвета Богородица посакувам да се потсетиме дека само со љубов и храброст какви што ги гледаме во ликот на Божјата мајка, може да чекориме низ животот. За многу години празникот.”
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…
Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…
Рекорден пад на вработените во текстилниот сектор…
Текстилниот сектор во Македонија се соочува со…
(Видео) Oдбраната на Мицевска со која обезбеди…
Голманката на македонската репрезентација Јована Мицевска беше една од…
Државата денеска се задолжува со уште 89…
За денеска се закажани две аукции на…
Меџити пред првиот меѓувладин состанок со Владата на…
Два дена пред меѓувладината средба помеѓу Македонија…