Пендаровски се сретна со Кулеба: Македонија дава целосна поддршка за Украина
Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Давос, оствари кратка средба со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитриј Кулеба.
Претседателот Пендаровски во разговорот со Кулеба ја реафирмираше целосната поддршка за Украина и украинскиот народ, посочувајќи дека Македонија како членка на НАТО, во рамки на можностите ќе продолжи да пружа воена, хуманитарна и дипломатска помош на Украина со крајна цел прекин на воената агресија, одбрана на демократските вредности и воспоставување на мир.
Кулеба изрази благодарност за поддршката од Македонија, декларирана и во писмото упатено од претседателот Пендаровски до украинскиот претседател Зеленски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обраќање на претседателот Пендаровски во Собранието на…
Претседателот Стево Пендаровски, утре, 19 декември 2023…
Пендаровски испратил порака до кабинетот на Ердоган…
Претседателот Стево Пендаровски во текот на вчерашниот…
Дискусија за заедничко дејствување против климатските промени…
Претседателот Стево Пендаровски утре ќе се обрати…
Евроамбасадорот Гир му го презентира Извештајот на…
Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска му го презентира…
Пендаровски се сретна со Фон дер Лајен,…
Како што соопшти прес-службата на претседателот, тие…