Пендаровски со честитка за Свети Сава
Претседателот Стево Пендаровски по повод празникот Свети Сава упати честитка до припадниците на српската заедница во Република Македонија.
Почитувани припадници на српската заедница,
Дозволете ми, во името на македонските граѓани, да ви го честитам 27 Јануари – Националниот ден на Србите во Република Македонија и да ви посакам мир и радост.
Овој важен празник е посветен на големиот српски духовник, просветител и градител Св. Сава кој е инспирација за генерации Срби да го негуваат својот идентитет, јазик, писменост и култура и да создаваат трајни вредности.
Како уставно призната и општествено ценета, српската заедница придонесува за изградбата и за развојот на нашата заедничка татковина, и за негувањето на соживотот во македонското мултиетничко и мултијазично општество. За тоа сведочи и влогот на бројни истакнати припадници на српската заедница, кои го збогатуваат нашиот општествен, културен и политички живот.
Заедно со македонската заедница во соседна Република Србија, српската заедница во Северна Македонија е цврст мост на пријателство меѓу двете држави чиишто односи се одликуваат со меѓусебно почитување и помагање, и во мирни и во турбулентни времиња.
Нека е за многу години 27 Јануари – Денот на Свети Сава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…
Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…
Вајц: Бев мета затоа што одбив да…
Тој се пожали дека бил цел на…
Важно известување: АХВ со нови мерки за…
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…
Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…
Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…
Дебитантот Деспотовски: Против Белгија мораме да бидеме…
Македонската фудбалска репрезентација в петок на 6…