Пендаровски : Сè додека се негира вистината за Сребреница не може да има помирување
Претседателот Стево Пендаровски денеска упати порака по повод геноцидот во Сребреница. Како што објави претседателот, „геноцидот во Сребреница е најголемо воено злосторство во Европа по Втората светска војна“.
-Масовната егзекуција на над осум илјади босански муслимани, мажи и деца, е колективен неуспех на целиот демократски свет, што не смееме никогаш да ја заборавиме. Не може да има помирување сè додека се негира вистината и сè додека не бидат признаени страдањата и болките. Почит кон жртвите и сочувства на нивните семејства, напиша шефот на државата.
Во геноцидот во Сребреница, откако Армијата на Република Српска го окупираше тој град во јули 1995 година, беа убиени околу 8.000 мажи од градот и неговата околина. Повеќе од 50 лица се осудени на повеќе од 700 години затвор за геноцидот и злосторствата во Сребреница пред Хашкиот трибунал и судовите во Босна и Херцеговина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ го призна геноцидот во Сребреница
ВМРО-ДПМНЕ го призна геноцидот во Сребреница. Во…
Георгиевски за резолуцијата за Сребреница: Сите силни…
Расправата за Резолуцијата на ООН за Сребреница…
Академијата на науките и уметностите на Република…
Академијата на науките и уметностите на Република…
Вучиќ: Најмногу ме погоди што Македонија гласаше…
Српскиот претседател Александар Вучиќ вечерва во интервју…
Пленковиќ: Резолуцијата за Сребреница ќе биде изгласана
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска во Цетинград…