Пендаровски утре за првпат ќе одликува припадници на АРМ со Медал за учество во мировни операции надвор од државата

t

Претседателот и врховен командант на вооружените сили Стево Пендаровски утре за првпат ќе одликува припадници на Армијата со Медал за учество во хуманитарни или мировни операции надвор од државата.

„Во рамки на одбележувањето на Денот на Армијата, претседателот Пендаровски ќе одликува припадници на Армијата со Медал за учество во хуманитарни или мировни операции надвор од територијата на Република Македонија, признание кое за прв пат ќе се додели во нашата држава, а кое следува по донесената одлука на претседателот Пендаровски за описот, изгледот и материјалите од кои се изработува Медалот, врз основа на Законот за одликувања и признанија“, информираат од Кабинетот на претседателот.

Одликувањето ќе биде во рамки на одбележувањето на 18 Август – Денот на Армијата. По одликувањето, најавено е обраќање на претседателот Пендаровски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вечен спомен ќе биде Карпалак – 23…

Масакрот кај Карпалак е најброен масакр врз…

Хеликоптери на АРМ и МВР помагаат во…

Два хеликоптера на АРМ и МВР, заедно…

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Армијата ангажира дополнителни 200 војници за гасењето…

Армијата ангажира дополнителни сили за гасењето на…

Припадничките на Армијата рамо до рамо со…

Рамноправно со своите колеги од вториот пешадиски…