Пендаровски: Целосен ветинг на судии и обвинители, но и на сите политичари
На вториот ден од победничкиот караван, кандидатот за претседател Стево Пендаровски се обрати пред граѓаните на Пробиштип, од кои повторно ја побара нивната поддршка на 24 април и на 8 мај.
Истакнувајќи дека во изминативе пет години тоа што го ветил и го исполнил до последно, Пендаровски посочи дека бил, е и ќе биде претседател на сите.
-Не постои еден единствен граѓанин кој сакал да ме види, да поразговара со мене, а да не сум го примил. Не постои ни еден кој побарал помош од мене, а да не сум се обидел во рамки на моите можности, да му помогнам. И не постои ниту еден граѓанин, човек во нашава држава кој може да каже дека сум го деградирал, дека сум го дискриминирал, дека сум го понижил, дека сум го навредил само затоа што не е од оваа политичка структура, само затоа што не е Македонец, или од која било вера и да е – потенцираше Пендаровски.
Во насока на лажните ветувања на опозицијата, Пендаровски рече дека граѓаните не смеат да им веруваат на политичари чии ставови се менуваат во зависност од тоа дали ги кажуваат јавно или зад телевизиските камери.
Тој додаде дека опозициските функционери велат „никогаш Северна“, ама од Северна Македонија пет години по ред примаат високи функционерски плати како пратеници, како градоначалници, како локални советници.
Зборувајќи за досегашните грешки на владејачката гарнитура, Пендаровски со граѓаните на Пробиштип ја сподели идејата за целосен ветинг на сите судии и обвинители, но и на сите политичари.
-Во однос на главната парола „Нема правда, нема мир“ чесно е кажеме дека застанавме на половина пат. Затоа јас предлагам и сите што ме поддржуваат се согласуваат со тој предлог, веднаш после изборите, откако ќе ја добиеме вашата доверба да направиме комплетен, длабок сеопфатен ветинг на сите судии и обвинители, но и на сите политичари кои ја бараат вашата доверба – заклучи Пендаровски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бајден повика на смиренот во американската нација:…
Бајден нагласи дека американската политика „никогаш не…
Приватните детски градински не се решение, дополнително…
Приватните детски градински не се решение, дополнително…
Поранешниот претседател на Уставниот суд, Мурати: Ветингот…
Ветингот треба да почне од политичарите, не…
„КОЧАНИ СЕ ГУШИ ВО ТОКСИЧЕН ЧАД“: Левица…
Од политичката партија „Левица“ велат дека се…
СДСМ за предлогот за Влада на Мицкоски:…
Од она што денеска беше соопштено во…