Пендаровски: Шанситe за Македонија да ги започне преговорите со ЕУ се помалку од 50%
Објавил:
Михајло Видимлиски
26 мај 2022, 15:16
Сподели
Сподели
Тој во интервју за бугарскиот Еуроњуз вели дека преговорите се покомплексни отколку претходно, посочувајќи дека последниве години Бугарија неочекувано пројавила барања поврзани со историјата, етничкото потекло кои на изненадување на сите ги ставила на маса.
-Тие велат, сакате да сте дел од Европската унија? Добро -ние сме внатре, вие сте надвор. И ние сега имаме претходни услови за вас. Зошто? За да го заштитат својот национален интерес. Ние го штитиме својот национален интерес и тоа е судирот на национални интереси од двете страни. Ние сметаме дека ги имаме сите аргументи. Зашто, ние сакаме да зборуваме за вистински аргументи и критериуми, што сме ги исполниле за да влеземе во ЕУ. Не да зборуваме за 19 век, за 10 век, кои се првите што дошле на Балканскиот Полуостров. За жал, тие се цврсто заседнати во историските прашања.изјави – Стево Пендаровски – Претседател.
И додека неговиот бугарски колега Румен Радев, не одговори конкретно на барањето на премиерот Кирил Петков да се свика советот за национална безбедност на кој ќе се дискутира за прашањето со Македонија, заменик претседателот на Народното собрание Кристиан Вигенин ја поддржува идејата, иако како што вели во интервју за бугарската БНТ, нема ниту еден основ во моментов Софија да го крене ветото.
-Нашата задача, како држава, не е да го држиме ветото, да ја запираме Р. Македонија. Ние како политичари и државници треба да постигнеме реализација на целите кои сме ги поставиле. Ако ме прашате денес, ова утро, дали ние треба да го кренеме ветото, според мене нема ниту една основа да го направиме тоа денес.изјави – Кристиан Вигенин – Заменик – претседател на Народното собрание.
Дел од поумерената експертска јавност во Бугарија смета дека блокадата не треба да трае до недоглед и да не се наметнуваат услови со единствена цел ветото да остане.
-Кога веќе сме во ќорсокак, добро е малку да отстапиме и да се запрашаме што сакаме. Таа држава беше изолирана децении наназад. Ние со ова вето ја продолжуваме таа изолација. Ајде да кажеме дека уште 20 години ќе продолжи таа изолација. Што добива Бугарија од сето тоа.изјави – Даниел Смилов – Политиколог.
Бугарскиот известувач за Македонија од ЕП, Илхан Ќучук, како што пренесоа бугарските медиуми вчера за легитимен го оцени меѓународен притисок врз Бугарија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Расчистена кражба после година и пол: Од…
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
ДУИ и Алијанса на Таравари: Стоилковиќ ги…
ДУИ и Алијансата за Албанците на Арбен…
Постапка против осомничен за тешка кражба
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…
Захарова: Светот е на милиметар од нуклеарна…
Светот е на милиметар од нуклеарна катастрофа…
Среде бел ден ограбена 79-годишна жена во…
Седумдесет и деветгодишна жена останала без чанта…