Пендаровски: Јас се надевам дека во блиска иднина, овој трофеј ќе биде високо кренат и од капитенот на македонската фудбалска репрезентација

t

„Златната божица“, најпрестижниот трофеј во светот, вчера беше претставен во Скопје. Претседателот на државата, Стево Пендаровски ја имаше таа привилегија да го подигне златниот пехар на ФИФА, а пред присутните во Скопската пивара им се заблагодари на организаторите за честа Македонија да биде една од ретките земји учеснички на оваа турнеја.

„Сакам да им се заблагодарам на ораганизаторите и на спонзорт на овој настан, како и на Светската фудбалска федерација, што ни овозможија вакво задоволство и чест да бидеме една од ретките земји каде е претставен трофејот наменет за светскиот шампион. Од 211 земји членки на ФИФА, само во овој трофеј ќе патува само во 56 земји,од кои 32 веќе се во Катар, а ние сме во останаите 19 држави.

Јас се надевам дека во блиска иднина, наместо претседателот на државата, овој трофеј ќе биде високо кренат и од капитенот на македонската фудбалска репрезентација. Верувам дека тоа не е недостижно и нема долго да чекаме на тој момент. Се надевам на одлично Светско првенство во Катар“, рече првиот човек на Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: Историски шамар за ВМРО-ДПМНЕ од сопствените…

СДСМ оценува дека денешното однесување на Европската…

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Вајц: Бев мета затоа што одбив да…

Тој се пожали дека бил цел на…

Важно известување: АХВ со нови мерки за…

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) воведе…

Не ги изедначувајте празниците:Задушницата е за спомен…

Граѓаните честопати ги изедначуваат празниците Задушница и…