Пендаровски ја правда одлуката за помилување на Бедри Зекири: Помилуван е само шест месеци, ќе лежи до 2027 година!

t

Бурни реакции и во јавноста и во медиумите предизвика одлуката на претседателот Стево Пендаровски да го помилува Бедри Зекири, лице познато како член на нарко-картел. Одлуката на Претседателот беше објавена во Службениот весник, а по бројните реакции пристигна објаснување и од кабинетот на Претседателот од каде велат дека:

„Лицето Бедри Зекири има поднесено молба за помилување за извршени 2 кривични дела – убиство во обид и учество во тепачка. Вкупната затворска казна му е 4 години и 11 месеци. Комисијата за помилување како соведотавно тело на претседателот Пендаровски едногласно му предлага на претседателот да биде помилуван за 6 месеци. Со ова помилување, лицето Бедри Зекири затворската казна ќе ја издржува до 2027 година“.

Според одлуката објавена денеска во Службен весник, Зекири делумно се ослободува од понатамошно извршување на неиздржаниот дел од казната затвор, односно казната му се намалува за шест месеци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…