Пендаровски ќе му додели на Пол Кругман Ореден за заслуги за Република Македонија
Претседателот Стево Пендаровски, утре на свечена церемонија ќе ги додели одликувањата Орден за заслуги за Република Македонија и Повелба на Република Северна Македонија.
Со Орден за заслуги за Република Македонија ќе бидат одликувани:
· Пол Кругман, за иновативност, визија и особен придонес во сферата на економијата, преку поставувањето на нов модел на меѓународна трговија и основање на нови дисциплини во меѓународната економија, како и за неговата дејност како универзитетски професор и објавувањето на големиот број значајни научни дела и трудови.
· Стопанска комора на Македонија, за својот 100 годишен грижлив и посветен влог и траен придонес во развојот на стопанството и поврзувањето на различните еснафски стопанственички структури, со што се обезбеди сигурна основа за постојано подобрување и развој на условите за стопанисувањето и конкурентноста на пазарот, како темел за стабилност и економски просперитет на државата
Со Повелба на Република Македонија ќе биде одликуван Бранко Азески, за фундаментален придонес во осовременувањето и развојот на стопанството, како и за високо професионалното раководење со Стопанската комора и секторот на стопанството, со што даде непроценлив придонес во застапувањето на интересите на македонската економија, а што е во интерес на целото општество.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обраќање на претседателот Пендаровски во Собранието на…
Претседателот Стево Пендаровски, утре, 19 декември 2023…
Пендаровски испратил порака до кабинетот на Ердоган…
Претседателот Стево Пендаровски во текот на вчерашниот…
Дискусија за заедничко дејствување против климатските промени…
Претседателот Стево Пендаровски утре ќе се обрати…
Евроамбасадорот Гир му го презентира Извештајот на…
Евроамбасадорот Дејвид Гир денеска му го презентира…
Пендаровски се сретна со Фон дер Лајен,…
Како што соопшти прес-службата на претседателот, тие…