Пендиков денеска ќе биде опериран во Софија

t

Претепаниот секретар на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ од Охрид, Христијан Пендиков ќе биде денеска опериран на ВМА во Софија.

23-годишното момче во четвртокот беше претепано од страна на тројца охриѓани, од кои еден бугарски држвканин и притоа се здоби со тешки повреди: пукнат вратен пршлен, скршена вилица и повреди на главата.Во петокот со бугарски владин авион „Фалкон“ беше пренесен на Воено-медицинската академија во Софија.

Таму лекарите констатираа дека состојбата му е средно тешка, но не е во животна опасност.

Вчера Пендиков во болница го посетија шефовите на македонската и бугарската дипломатија Османи и Милков, откако претепувањето прерасна во дипломатски скандал, зошто официјална Софија тврдеше дека нападот се случил поради тоа што Пендиков се декларирал како Бугарин и ги нападна македонските власти дека во континуитет не ги процесуираат случаите кога беа вандализирани бугарските културни клубови „Иван Михајлов“ во Битола и охридскиот „Цар Борис Трети“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија отсега ќе има 20 министерства, непознато…

Maкедонија отсега ќе има 20, наместо 16…

Сведочење на Пендиков: Го тепале зошто се…

Со сослушување на оштетениот Христијан Пендиков, секретар…