Пендиков повторно не дојде на судење: Обвинетиот Илија Спасески не се чувствува виновен

t

Илија Спасески, единствениот обвинет за претепувањето на Христијан Пендиков, не се чувствува за виновен во случајот.

– Јасно ми е обвинението, но не се чувствувам за виновен, рече Спасески на второто рочиште од судскиот процес во Основниот суд во Охрид, јавува Макфакс.

Натепаниот Христијан Пендиков не дојде ниту на денешното рочиште на кое му се суди на Илија Спасески. Судијата и пред јавноста посочи дека пропаднал обидот за да му се достави покана за рочиште на Пендиков. На ова, адвокатот Стефан Карамишевски, бранител на Пендиков кажа дека оштетениот има здравствени проблеми.

Засега непознато е дали Пендиков, кој има својство на оштетен, но и сведок, ќе дојде во охридскиот суд за да сведочи. По нападот, тој замина за Бугарија, каде што има обезбедување, а доби и стипендија и стан.

Министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, претходно на прашање на Инфомакс кажа дека нема информации дали Пендиков ќе се врати во Македонија, имајќи предвид дека против него има активна кривична постапка за поседување и продавање на наркотички дроги и психотропни супстанци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија отсега ќе има 20 министерства, непознато…

Maкедонија отсега ќе има 20, наместо 16…

Сведочење на Пендиков: Го тепале зошто се…

Со сослушување на оштетениот Христијан Пендиков, секретар…