Ќе се излегува на протест: Пензионерите бараат или да продолжи линеарното покачување на пензиите или нема да гласаат на избори

t

Да продолжи линеарното покачување на пензиите – побараа пензионерите од Штип и Свети Николе. Децидни дека ако се промени, односно не се покачуваат пензиите линеарно тие нема да излезат на гласање, а ќе се организираат и нови протести низ дражавата. Освен ова пензионерите имаат и низа други барања.

„Нашите барања се законот кој го имаме предложено да се усвои, сите претседатели да се променат, да се воведат картички за секој пензионер, како и линеарно покачување на пензиите.“ – вели Митев.

Бараат и средба со премиерот Мицкоски со цел да се направи контрола во здружението на пензионери, но на дневен ред да се стави и точката со покачувањето односно усогласување на пензиите.

„Јавно бараме исклучиво премиерот да се заложи да ја прими делегацијата на пензионерите. Средбата е бидејќи се врши проневера во здружението на пензионерите.“ – вели Станојков.

Пензионерите изминатиот период протестираа со цел да добијат линеарно покачување на пензиите од 5000 денари. Во март годинава го добија целосното линеарно покачување. Бараат и понатаму усогласувањата на пензиите кои се вршат двапати годишно, во март и во септември да бидат линеарни, а не процентуални.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп со застрашувачка објава: Итно евакуиратје го…

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа…

САД се подготвуваат да копаат литиум во…

Украинските власти ги презедоа првите чекори за…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…

(Видео) Израел нападнат со ракети и дронови…

Иранските државни медиуми известуваат за заеднички напад…

Курти по изјавата на Трамп: Треба да…

Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин…