Пензионерска држава: Намален природниот прираст во Македонија

t

Државниот завод за статистика соопшти дека природниот прираст на населението во земјава е намален. Во четвртото тримесечје од 2022 година изнесува – 616 лица што значи дека за толку лица е помал бројот на живородените деца од бројот на умрените лица.

Во четвртото тримесечје од 2022 година живородени се 4 427 деца и во споредба со истиот период од претходната година нивниот број е намален за 4,7 отсто. Бројот на умрените лица во четрвтото тримесечје од 2022 година бележи намалување од 26,8 отсто во споредба со истото тримесечје од 2021 година, односно 5 043 лицa, од кои девет се умрени доенчиња.

Во ова тримесечје од годината се склучени 2 762 бракови и нивниот број е намален за два отсто во споредба со истиот период од 2021 година.

За четвртото тримесечје од 2022 година се добиени 339 извештаи за разведени бракови, што претставува намалување од 39,1 отсто во споредба со истото тримесечје од 2021 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Активни се пожарите во Чашка, Велес, на…

РЦУК Велес, известува дека шумски пожар на…

Изгубено 3-годишно девојче во Неа Флогита, се…

Во познатото туристичко место Неа Флогита, Грција…

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

ДУИ му помогна на Мицкоски за двотретинско…

Со 88 гласа “за” пред 3 часот…

Американската амбасада ќе ги подобрува односите помеѓу…

Аташето за култура и образовани на САД…